| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца стана тетка на близначиња

Лидија Оцокољиќ, сестрата на српската фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ, синоќа се породи во болницата „Народен фронт“ и на свет донесе две здрави момчиња.

bliznaci

– Јас сум најсреќната тетка на светот. Мил Господе, ти благодарам! – напиша гордата тетка Цеца на својот профил на „Твитер“.

Близначињата Илија и Петар се тешки 3 и 2,7 килограми, а се родени во 1 часот и 6 минути по полноќ.

Лидија и нејзиниот сопруг Предраг Оцокољиќ веќе ги имаат синот Виктор и ќерката Хелена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top