Поп-пејачката Гоца Тржан помина уште еден викенд со семејството во Будимпешта. Гоца, Раша и Лена посакале 2016 година да им почне со водени лудории.
-Одлична забава како и секогаш, кратко патување, но доволно за да ги наполнам батериите и да се подготвам за сето она што ме очекува- изјави Гоца.
-Раша и Лена од утро до вечер лудуваа на тобогани, додека јас уживав во термалните базени и масажа, сè на сè, подготвена сум за нови работни победи.
Инаку, Гоца била сместена во апартманот кој го носи името на Цеца Ражнатовиќ, една од омилените гости во овој унгарски ресорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.