Фудбалерот на Милан, Рикардо Монтоливо верува дека тренерот на екипата, Синиша Михајловиќ ќе ги сврти работите во своја полза во иднина.
Српскиот тренер е под голем притисок по серијата лоши резултати, а се кулминираше во средата кога на „Сан Сиро“ загуби од Болоња со 0-1. Сепак, Монтоливо верува дека Михајловиќ е вистинскиот човек за Милан, и тоа во вистинско време на вистинско место.
– Дадовме се од себе да ја победиме Болоња. Мислам дека одигравме пристојно, но тоа е фудбалот. Кога повторно би го играле тој меч би победиле во девет од десет случаи. Го познавам нашиот тренер подобро од сите други во клубот и знам дека ќе биде најдобар под притисок. Тој е човек кој го извлекува најдоброто кога е под притисок – вели Монтоливо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим