| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ повторно солиден против „своите“, Фенербахче славеше во Белград

pero antic

Перо Антиќ со Фенребахче во рамките од топ-16 фазата во Евролига по групи повторно гостуваше во Белград против „својата“ Црвена Звезда. Турскиот гигант одигра маестрален натпревар и славеше убедлива победа од 88-65 на жешкиот терен во „Пионир“.
Избранците на Жељко Обрадовиќ од самиот старт на мечот ја наметнаа својата игра и го диктираа темпото и така ја запишаа и втората победа во второто коло од оваа фаза во Евролигата.
Антиќ, на дуелот против својот поранешен клуб, одигра одличен меч за нешто повеќе од 20 минути на паркетот постигнувајќи 12 поени (2/2 од слободни фрлања, 2/2 за два поени и 2/4 за три поени), дополнети и со четири скока и една асистенција. Најефикасен во победничкиот тим беше Датоме со 21 поен, а Боби Диксон мечот го заврши со 17 постигнати поени.

Во домашниот тим единствено расположен за игра беше Квинси Милер, кој мечот го заврши со 21 поен.

До сега завршија уште две средби од второто коло, а Локомотив Кубан минимално со 78-77 го победи Анадолу Ефес, додека Бросе Баскет го декласираше тимот на Жалгирис на домашен терен со 96-63.
Вечерва уште се игра и натпреварот во Атина меѓу Панатенаикос и Уникаха Малага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top