| четврток, 6 декември 2018 |

Кастратовиќ: Со квалитетна игра до победа

kastratovicЖенскиот ракометен првак на Македонија ЖРК Вардар утре со натпреварот против романската екипа Букурешт ги продолжува натпреварите од Лигата на шамионите. Букурешт во оваа фаза стартува со 5 бодови (бод повеќе од ЖРК Вардар), кои ги пренесе од првата фаза на натпреварите и се наоѓа на второто место во групата веднаш зад европскиот првак Будуќност.

Имавме доволно време да се подготвиме, а направивме и добра анализа. Потребно е сите 60 минути да одиграме квалитетно за да стигнеме до победата. Секако и да играме со „мирна глава“. Букурешт е квалитетен тим и не треба да брзаме, со добра одбрана и контри да стигнеме до триумф, истакна денеска на прес-конференција тренерот Индира Кастратовиќ.
ЖРК Вардар со комплетен состав без проблеми околу повреди го очекува саботниот натпревар.
 Се надевам на добар старт во 2016 година. Букурешт е добра екипа, но и ние сме добро подготвени и добро трениравме изминатиов период. Очекувам и помош од трибините на овој важен дуел, изјави Андреа Пенезиќ.
За претседателот на клубот Гордана Нацева дилеми не смее да има особено што целта на тимот е нов пласман на завршниот турнир.
 Важно е да се почне со победа, а девојките се желни за натпревар. Противникот е добар, но бодовите се важни, рече на пресот Нацева.
Натпреварот ЖРК Вардар – Букурешт се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.  Од групата 2 утре се игра и дуелот меѓу Ѓер и Будуќност, додека во недела играат Митјиланд – Савехоф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top