Во стан во Брисел се откриени материјали, наменети за производство на експлозивни направи, траги од експлозивни материјали, три колани што може да бидат претворени во појаси со експлозиви и отпечатоци од прсти на Салех Абдеслам, лицето барано за париските напади. Трагите и материјалите се најдени при претрес на стан, извршен на 10 декември, информира белгиското федерално обвинителство.
Овој апартман се наоѓал на третиот кат од станбена зграда во бриселската општина Шербек и бил изнајмен со фалсификуван идентитет на еден од деветмината приведени лица во Белгија во текот на белгиската истрага за нападите во Париз, посочува обвинителството.
Белгискиот федерален обвинител, Фредерик ван Лев, денеска предупреди на можноста од терористички напад во Белгија на 15 јануари.
– Овој датум има силно симболично значење за терористите, потсети обвинителот. Пред една година, на 15 јануари, во градот Вервие, во југоисточниот дел од земјата, полицијата изведе масивна операција што заврши со престрелка со членови на екстремистичка група. Двајца екстремисти беа убиени, а осуммина уапсени, од кои четворица испратени во затвор, а останатите беа пуштени на слобода, но истрагата и против нив продолжува. Претресите во Вервие потврдија дека членовите на оваа група подготвувале напади врз полициски комесаријати и владини згради во Белгија.
По нападите во Париз од 13 ноември стана јасно дека лидерот на групата од Вервие е Абделхамид Абауд, Мароканец со француско државјанство, кој има постојан престој во Брисел, од каде во последните години на неколку пати патувал за Сирија, за да се бори во редовите на организацијата Исламска држава. Се смета дека тој е еден од организаторите на нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица. Абауд беше убиен во операција на специјалните француски сили во Сен Дени, крај Париз, на 18 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил