Европската унија треба да утврди нова заштитна линија долж северната грчка граница, бидејќи спогодбата со Турција нема да е доволна за да ги сопре стотиците илјади мигранти кои доаѓаат во Европа, изјави Викрот Орбан, а пренесува МИА.
-Мислам дека следната заштитна линија, што треба да ја изградиме, е долж протегањето на северната граница на Грција, изјавил тој во денешното интервју за државното радио.
Според него, Бугарија, една од северните соседи на Грција, треба да биде примена во Шенген зоната на ЕУ, а Македонија треба да добие финансиска поддршка и друг вид помош за да може да ја засили својата заштита.
-Мислам дека само договорот со Турција нема да биде доволен, рекол Орбан.
Унгарија крена огради долж својата јужна граница за да го запре напливот на мигранти, потсетуваат агенциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.