| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона го декласираше Химки, Олимпијакос славеше гостинска победа

FC BARCELONA LASSA vs KHIMKI MOSCOW

Екипата на Барселона славеше убедлива победа над Химки во рамките од второто коло од топ-16 фазата по групи во кошаркарската Евролига со 87-70. Каталонскиот гигант уште од првата минута тргна многу уверливо против силниот руски состав кој во првото коло ја изненади ЦСКА Москва. Сепак Хуан Карлос Наваро и другарите не сакаа да препуштат ништо на случајот и ја забележаа првата победа во овој дел од најсилното европско натпреварување. Натпреварот беше решен уште по првото полувреме кога Барселона имаше недостижна предност од 20 поени разлика (49-29).
Токму Наваро заедно со Рибас беа најеифкасни во домашната екипа со по 14 поени. Саторански уфрли 13, а Анте Томиќ 12 поени за победничкиот тим. Кај Химки единствен кошаркар расположен за игра беше Тајриз Рајс со 14 поени и 7 асистенции.

Олимпијакос забележа огромна победа на гостински терен во Шпанија над Лаборал Куча со 76-82. Спанулис со 19 и Хантер со 17 поени беа најефикасни кај победничкиот тим, додека кај шпанскиот тим најпрецизен беше Мајк Џејмс со 16 поени.

Во претходните два натпревари одиграни денеска, ЦСКА Москва го декласираше Реал Мадрид со 95-81, а Дарушафака беше изненадена на домашен терен од Цедевита со 72-79.

Утре завршува второто коло со натпреварите, Црвена Звезда – Фенербахче, Локомотив Кубан – Анадолу Ефес, Бросе Баскет – Жалгирис и Панатенаикос – Уникаха.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top