Џенет Џексон се чувствува подобро и негира дека има канцер на грло. Таквите шпекулации се појавија кога таа ја прекина светската турнеја.
49 годишната сестра на поп- иконата Мајкл Џексон неодамна порача дека мора да ги одложи концертите бидејќи докторите и рекле веднаш да се оперира.
Иако инсистираше да не дава други коментари, мораше да се појави во јавноста за да ги демантира шпекулациите.
Сепак таа порача само дека нема рак и дека гласините не се точни, но не прецизираше од што боледува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.