| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичани кршат лепче со две парички

lepce so parice

Петел Бодичек,

Дописник од Севселенска Струмица

Деновите кога македонските православни верници го прославуваат христовото раѓање, најчести се дилемите кога се замесува лепче со париче- за Божик или за Василица.

За да се стави крај на овие различни приоди кон прославата, а со цел обединување на народот кон заедништво, новите тенденции се да се прифати струмичкиот адет, кој длабоко навлезе во семејствата во регионот последните десетина години.

Како аргумент зошто токму треба да се приклониме кон струмичките адети, се нагласува последното божје чудо во Македонија, црпнувањето на струмичанецот Зоран Заев. Како дополнение се додава и дека од сите негови пророштва и говори, само тој дел од неговото житие не го демантирал, па верниците треба да го почитуваат како апсолутна вистина.

Притоа не се заборава дека откако господ го црпнал од нива, во банка му се намножиле скромни десетина милиони евра, додека држи беседи за слободата и демократијата.

За тоа дали адетот за струмичкото лепче со париче ќе биде прогласен за семакедонски, извори од севселенската Струмица потврдени од тајниот состанок во скопско Црниче, потврдуваат дека ќе се одлучува во април.

За оние кои не се запознаени со овој струмички адет, следува објаснување.

-Се замесува пресно лепче со пристојна големина.

-Откако тестото ќе нарасне, пред печењето во него се ставаат ДВЕ паричкина различни места во тестото.

-Вечерта на Бадник, во очи на Христовото раѓање- Божик, на посната трпеза се изнесува храна, се собира семејството, па домаќинот со кршење го разделува лепчето за сите членови на семејството, а прво двои парчиња за Бога, за Куќа и- струмичката специфика- парче за Вице, братот на светиот Црпнат Зоки.

-Кај тој што ќе се најде едната паричка, се верува дека ќе го следи среќа целата година.

-Втората паричка, без местење, секогаш ќе ја најдете во парчето одвоено за Вице, што е уште еден доказ за тајната света врска меѓу струмичаните допрени од Бога браќата Заеви.

Петел Бодичек
***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top