Не му требаше многу време на бугарскиот тенисер Григор Димитров да ја „преболи“ руската тенисерка Марија Шарапова. Тие беа во врска повеќе од две години, но откако ја прекинаа Димитров утеха побара во преубавата Никол Шерцингер. Двајцата се забележани во Бризбејн и на фотографијата – сочно се бакнуваат. Како што изгледа – Шерцингер е голема поддршка на Димитров, затоа што вчера тој и неговиот партнер во двојки Кеи Нишикори од турнирот ги елиминираа првите носители Пјер Херберт и Николас Махут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.