| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторот Биглер го избриша Јуркевич од списокот за ЕП 2016

polska

Полскиот селектор Михаел Биглер го објави списокот од 21 ракометар на чии услуги ќе смета за претстојниот турнир во Ирун, Шпанија, кој воедно ќе биде и последна подготовка за домаќините на претстојниот европски шампионат.

Од списокот на Биглер отпадна Мариуш Јуркиевич, ракометарот кој веќе подолго време се мачи со незгодна повреда. Селекторот му даде шанса на Јуркиевич да докаже дека е здрав за да игра на ЕП, но откако тој не успеа да одработи ниту еден тренинг со целосен интензитет, одлуката на Биглер е сосема очекувана. Заедно со Јуркиевич од комбинација отпадна и Рафал Пржибилски, кој во последните десетина дена се жалеше на проблем со окото.

Полска во следните денови ќе одигра три контролни натпреври, против Бразил, Шведска и Шпанија, по што Биглер ќе го објави и конечниот список на ракометари кои ќе ги бранат боите на својата земја.

Полска ќе биде втор ривал на Македонија во рамките од групата А, нашите ракометари дуелот со домаќинот ќе го играат на 17 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top