Вооружени и маскирани напаѓачи отворија оган врз туристи кои се симнувале од автобус пред хотел во Каиро. Како што јавува „Дејли експрес“ нападот се случил во хотел во близина на пирамидите во Гиза, а била предизвикана материјална штета во хотелот. Нападот бил извршен пред хотелот Пирамида. Меѓу туристите врз кои било пукано, имало двајца израелски граѓани. Еден од напаѓачите е уапсен. Друг е опколен од полицијата по нападот во друг дел од Каиро.
Инаку денес египетските копти го слават големиот христијански празник Божик.
Според тамошните власти засега нема информации за повредени или настрадани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.