| четврток, 6 декември 2018 |

По 100 години пауза: Православните христијани во Измир добија дозвола да го одбележат Богојавление

Првпат во последните 94 години православните христијани во Измир добија дозвола да го одбележат празникот Богојавление, пренесе ДПА.

На пристаништето во третиот по големина град во Турција, што некогаш бил половина грчки, свештеник го фрли крстот во водата и пушти гулаб на слобода како дел од церемонијата. Ритуалот го симболизира крштевањето на Исус Христос и Светиот дух, забележува германската агенција.

Грчката телевизија „Скај“ настанот го пренесуваше во живо.

На церемонијата присуствуваа Грци кои работат во Измир, членови на други православни цркви, регионалниот католички епископ, посетители од Грција и локални жители на Измир.

Актите, како што е одобрението за одбележување на црковни празници, се користат од владите на Грција и на Турција за изградба на довербата меѓу двете држави по војната и раселувањето што следело во 1922 година на околу два милиони грчки и турски државјани. Тогаш приближно 1,5 милиона Грци биле принудени да ја напуштат турската територија, а 400.000 Турци требало да ја напуштат Грција согласно спогодбата меѓу двете земји, потсетува ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top