Тројца од повредените во вчерашната експлозија на плинска боца во Драчево се во критична состојба и се уште се на одделот за интензивна нега на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Состојбата на останатите пациенти е подобра и сега тие се префрлени во Центарот за изгореници во клиниката.
Вчера во попладневните часови во семејна куќа во скопската населба Драчево експлодираше плинска боца. Повредени се осум луѓе од едно семејство (татко со синови и снаи). Децата биле во друга просторија.
Шестмина од повредените веднаш беа пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“, додека двајца беа пренесени на скопските клиники.
Како што потврдија за МИА од МВР, според првичните информации, лицата кои се здобиле со повреди од експлозијата се пренесени за укажување лекарска помош во Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ и во Ургентниот центар.
Според информации од дежурните лекари при Клиниката за хируршки болести, три лица се во тешка состојба, при што едно од нив е со изгореници со зафатеност од над 60 отсто по телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.