Девет лица се повредени вчера попладне при две експлозии во куќа во скопската населба Драчево, при монтирање на грејно тело со плинска боца.
Како што потврдија за МИА од МВР, според првичните информации, лицата кои се здобиле со повреди од експлозијата се пренесени за укажување лекарска помош во Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ и во Ургентниот центар.
Според информации од дежурните лекари при Клиниката за хируршки болести, три лица се во тешка состојба, при што едно од нив е со изгореници со зафатеност од над 60 отсто по телото.
На местото на експлозијата се наоѓа и увидна екипа од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.