| четврток, 6 декември 2018 |

Обратете внимание ако видите паричка заглавена во бравата на автомобилот

Еве нешто на кое секако треба да обратите внимание. Монета заглавена во бравата на вашиот автомобил. Верувале или не, овој сосема едноставен трик на крадците им овозможува да го украдат вашиот автомобил.

 

Звучи неверојатно што покрај толкава технологија, проблем може да направи нешто толку обично како монета.

Имено, паричката се поставува на вратата од страната на совозачот, така што ќе ја онеспособи централната брава и вашиот автомобил ќе го остави отклучен и лесен плен за крадците.

Доколку некогаш видите паричка заглавена на бравата на вашиот автомобил, знајте дека се работи за обид за кражба на вашиот автомобил или она што се наоѓа во него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top