| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре обилни врнежи од дожд

дозд

Управата за хидрометеролошки работи за утре попладне најавува обилни врнежи од дожд.

Се очекува локално да наврнат и преку 30 литри на квадратен метар. Најмногу врнежи ќе има во западните и во северните делови од државата.

На повисоките планини ќе врне снег, но во текот на ноќта и во утринските часови во четврток, поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до илјада метри надморска височина. Во четврток ќе дува умерен, на места засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на облачноста, престанок на врнежите и опаѓање на дневната температура. Преодно стабилизирање на времето со благ пораст на дневната температура ќе има в петок и сабота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top