Годината која е зад нас ќе ја паметиме по најразлични случувања. Секако дека едни од тие се и домашните и странските убавици, кои со нивните секси изглед направија 2015 да ни остане во убаво сеќавање.
Извојуваме некои од најпровокативни и најсексапилни фотографии кои ја одбележаа 2015 година.
Северина
Иако има 43 години и енормно пеачко искуство, хрватската пејачка ништо не ја попречуваше често да се фотографира во провокативни изданија. Дека атрактивните фотографии не се само за старлетите покажа и Севе. Пејачката од време на време знаеше да ги израдува обожавателите со по некоја разголена фотографија. Се добива впечаток дека омилената комбинација на Северина се жартиери, боди кој повеќе е за во кревет отколку за сцена и порно чизми кои одат преку колена.
Ким Кардашијан
Мислевме дека по фотографијата на насловната страна на „Папер“ магазинот повеќе ништо не може да не шокира но се излажавме. Иако популарната старлета минатата година беше бремена тоа не ја спречи да во секси модни комбинации го истакнува своето тело. Кој друг освен неа бис е осмелил во поодмината бременост да носи кожа или тантела? Секси мама нема проблем со тоа.
Кендел Џенер
Има само 19 години и на големо провоцира со сексапил. Од сите нејзини провокативни изданија оваа година тешко е да се издвои најдоброто. Но, сепак одбравме едно. Имено, сестрата на Ким Кардашијан за неделата на мода о Париз застана пред објективот на Мерт Аласан и Маркус Пиго. Резултат се секси топлес фотографии под туш кој младата Кендал ги сподели на својот профил на Инстагарм со коментар „Го измивам гревот од себе“.
Хајди Клум
Иако веќе згазнала во пета деценија познатата манекенка се уште има тело кое краде воздишки и нема ниту една причина да не се разголи.
Бијонсе
И оваа година таа во секоја прилика ни покажуваше и докажуваше дека е една од најсексапилните жени во светот.
Цеца
Цеца е една од оние кои ги сметат за кралици на стилот на нашите простори. Оваа година Цеца дефинитивно ја одбележа со учеството во емисијата „Пинк ѕвезди“. Пејачката од емисија во емисија покажуваше се попровокативни и по сексапилни изданија во кои ги истакнуваше своите бујни гради.
Јелена Карлеуша
Јелена е позната како пејачка која сака да провоцира со својот изглед и облеката коа јај носи. Во повеќе наврати изминатата година Јелена шокираше со својот моден избор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.