Нова трагедија вечерва го потресе Штип. Во сообраќајна несреќа загинаа двајца штипјани.
Според првичните неофицијални информации од надлежните истражни органи се работи за вработени лица во затворското обезбедување на КПД Штип. Сообраќајката се случила тука таканаречениот трет километар пред влез во Штип од правец на Радовиш.
Првичните неодфицијални информации говорат дека во критичниот момент, првиот од двата службени автомобили на КПД Штип со кои четворица од затворското обезбедување се враќале дома, од засега необјаснети причини изгубил контрола, два пати се завртел на коловозот околу себе и излетал во водите на реката Брегалница.
Останатите двајца кои биле во автомобилот позади нив, веднаш застанале и влегле во водата за да ги спасат колегите, но за жал било предоцна за нивните колеги, едниот стар 41,а другиот 30 години, јавува дописникот на Канал 5.
Повеќе детали за трагедијата, која во првите денови од оваа година е втора по ред, по загинувањето на штипјанецот во новогодишната ноќ на крстосницата Дујле во градот, од надлежните истражни органи најавија за утре, бидејќи увидот на местото на несреќата сеуште не е завршен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.