Француските угостители се згрозени од новиот Закон за храна во таа земја кој стапи на сила на први јануари годинава, со кој се предвидува дека секој ресторан ќе мора да ја спакува секоја неизедена храна и неиспиен пијалок, пишуваат денеска медиумите.
Новиот Закон е дел од кампањата за намалување на количината храна што се фрла секоја година во Франција. Само од рестораните во Франција годишно се фрла повеќе од еден милион тони неизедена храна, соопштија француските власти.
Владата во 2013 година започна иницијатива за намалување на расипништвото на храна за педесет отсто. Но, да се натера просечен француски ресторан на гостите да им ги спакува остатоците од храна и вино било преголем предизвик.
Пакувањето храна од ресторани е вообичаено во светот, посебно во САД, но ова е исклучително непопуларно во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.