Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска најави зголемување за пет отсто на социјалната помош.
– Зголемувањето ќе биде со исплатата во јули 2016 година. Досега, откако сме во Владата, имаме зголемување за околу 62 отсто на социјалната помош зголемувајќи ја секоја година постепено. Со исплатата во јули 2016 година, зголемувањето ќе надмине повеќе од 65 отсто- рече премиерот Груевски, кој денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи на нов фекален колектор во Ново Лисиче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.