| четврток, 6 декември 2018 |

„Шарли ебдо“: Една година подоцна, убиецот сè уште е на слобода

На првата страница на најновото издание на „Шарли ебдо“, кое е отпечатено во еден милион примероци на годишнината од масакрот на редакцијата на весникот, има црно-бела карикатура на Господ со брада, вооружен со „калашников“, а само крвта на неговата облека е црвена и забелешка – „Една година подоцна, убиецот е сè уште на слобода“.

French satire magazine Charlie Hebdo to feature Muhammad pictures

Нападот пред една година на 7 јануари ја десеткува редакцијата на сатиричниот неделник и ја промени неговата судбина. Во нападот врз редакцијата загинаа дванаесет лица од кои осум новинари, обвинети за непочитување на исламската религија, поради објавените карикатури на исламскиот пророк Мухамед.

Бројот излегува во тираж од околу еден милион примероци. Десетици илјади заминуваат за странство. Внатре се цртежи на убиените карикатуристи Кабу, Волински, Шарб, Тинју, Оноре, како и гостите, меѓу кои е францускиот министер за култура Флор Пелрен ѕвезди како Изабел Аџани, Шарлот Гансбур, Жулиет Бинош, Ибрахим Маалуф, Русел Банкс, Елизабет Бадинер, интелектуалци, музичари.

Карикатурата на насловната страница е потпишана од главниот уредник на весникот, Рис, кој беше тешко ранет при нападот на џихадистите. Рис притоа потпишува лут-остар едиторијал, застанувајќи во одбрана на секуларизмот и против „фанатиците од Коранот“ и тие „со благословени задници од другите религии“, кои ја сакале смртта на весник поради тоа што „се осмели да се подбиваат со религиозните лица“. „Убедувањата на атеистите и на световните луѓе можат да поместат повеќе планини од верата на верници“, пишува тој.

„Во 2006 година, кога ’Шарли‘ ги објави карикатурите на Мухамед, никој сериозно не мислеше дека еден ден сето тоа ќе заврши со насилство […]Ја гледавме Франција како секуларна остров, каде што беше можно да се забавуваме, да се смееме, без да се грижиме за догмите“, вели Рис. „Оттогаш, многу се надеваа дека еден ден некој ќе дојде и ќе нè намести….. Да, многу се надева дека ќе бидеме убиени. УБИ-ЕНИ“ – подвлекува каркатуристот.

„На крајот на секоја година, ние се восхитувавме што сè уште сме живи“, се сеќава Рис.

Карикатуристот тогаш се сеќава на утрото од 7 јануари 2015 година, а поконкретно на моментот кога браќата Куачи влегле во редакцијата.

„Тоа утро, по заглушувачка бучава од шеесетте истрели за три минути, огромна тишина ја исполни просторијата. Се надевав дека ќе слушнам жалби, стенкања . Но, не, ниту еден звук. Тишината ме натера да сфататм дека тие се мртви“.

„Како да се прави весник по сето тоа?“ се прашува уредникот.

„Нема два маскирани идиота да ја растурат работата на нашиот живот“, вели тој. „Тие нема да видат дека ’Шарли‘ цркнува… Тој ќе ги види како цркнуваат“ – завршува уводникот на Рис.

Една недела по нападот весникот издаде „број на преживеаните“, кој беше продаден во тираж од 7,5 милиони во Франција и во светот. Една година подоцна сатиричен неделник ужива голема побарувачка во земји како Германија, каде што дистрибутерите побарале 50 илјади парчиња.Во моментов тираж е 100 илјади копии за слободна продажба, вклучувајќи 10 илјади надвор од Франција. Претплатниците се 183 илјади. Новиот број излегува в среда, 6 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top