| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија испраќа полиција на границата на Македонија и Грција

грција

Унгарските власти денеска испратија 31 полицаец да помагаат еден месец при патролирањето на македонско-грчката граница.

-Унгарската полиција ќе биде задолжена да го контролира влезот на бегалци, кои секојдневно пристигнуваат во Македонија. ­ Тие во мисијата ќе придонесат и со транспортни возила и термокамери – изјави командантот на унгарската полиција Јанош Балог.

Премиерите на Унгарија и Македонија, Виктор Орбан и Никола Груевски, се договорија во декември дека Унгарија ќе и помогне на Македонија во контролата на границите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top