Во Македонија на крајот на вториот квартал се регистрирани 2.125.147 активни претплатници во мобилната телефонија, што претставува намалување за 0,28 проценти во однос на првиот кваратал годинава, а споредено со вториот квартал лани за 5,2 проценти, покажува извештајот на Агенцијата за електронски комуникации за развојот на пазарот на електронски комуникации за вториот квартал.
Од вкупниот број, резиденцијални при-пејд претплатници се 1.115.003, а пост пеид 702.282, додека бројот на деловните пост-пеид претплатници изнесува 307.862.
Во вториот квартал лани е реализиран сообраќај од 1.294.917.078 минути, односно за 2,58 проценти повеќе споредено со истиот квартал минатата година. Испратени се 90.239.420 СМС пораки, кај кои има зголемување за 19,2 проценти, како и 250.131 ММС пораки каде се бележи зголемување од 1,18 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.