Денот на вљубените не е најомилениот ден за просидба. Не е тоа ниту дочекот на Новата година, идеален момент за клекнување пред саканата е на Бадниковата вечер.
Резултатите на истражувањето кои ја спровела една британска компанија, која се занимава со организирање на венчавки, покажале дека на прво место на најпопуларните денови во годината за запросување е денот пред Божиќ.
Според пишувањата на британските медиуми, 31% од околу 10 илјади анкетирани рекле дека за Бадниковата вечер е идеален момент да се клекне пред саканата личност.
На второ место е денот на Св. Валентин, односно Денот на вљубените (22%), а на трето место е Новогодишната ноќ (18%).
Сенди Морета, директорка на агенцијата „Chillisauce“, навела дека на Бадниковата вечер идеално е за просдба поради романтичното време од годината, со снегулки, светлечки декорации, но и затоа што е семеен празник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.