| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен конкурс за карикатура „Мажот како колатерална штета во односот снаа-свекрва”

Општина Крива Паланка и авторот на Меѓународниот Конкурс Невестинско поклонение на свети Теодор-тирон, Стојанче Величковски, го распишаа Меѓународниот конкурс за карикатура на тема „Мажот како колатерална штета во односот снаа-свекрва”.

Според критериумите за пријавување еден автор може да учествува со максимум четири бестекстуални карикатури, а со пополнување на формулар учесникот потврдува дека авторското дело е негова лична интелектуална сопственост.

Делата се доставуваат исклучиво во електонска форма со кратка биографија на авторот. Краен рок за пријавување е 20 јануари 2016 година, а на истиот датум ќе бидат објавени и резултати.

Пристигнатите творби ќе ги оценува жири комисија составена од еминентни карикатуристи од Македонија и Бугарија, како и Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка, Стојанче Величковски, графички дизајнер, автор на конкурсот и Драган Величковски, директор на Градски Музеј – Крива Паланка.

Најдобрите три карикатури ќе добијат награди и тоа: прва награда „Трофеј Невестулка” и парична награда од 250 евра, втора награда , диплома и 200 евра и трета награда – диплома и 150 евра. Жирито ќе додели и специјална награда за најдобра колекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top