| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје фрлени 280 тони сол за едно деноноќие

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие фрлија 280 тони сол за расчистување на снегот од градските улици и булевари.

Zimska sluzba na Grad Skopje (1)

Денеска екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат мразот од тротоарите, а екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ги чистат шахтите и сливниците. Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

„Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти“ велат од Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top