| четврток, 6 декември 2018 |

Какво време нѐ очекува?

Првиот понеделник годинава ќе помине во облачно време. Наутро сѐ уште ќе провејува слаб снег на планините, додека низ котлините е можно сосема на кратко и особено слабо да пророси дожд мешан со снег. Претпладнето ќе биде облачно, но суво.

Попладне може да се очекуваат нови врнежи, но поради јужното влијание, овие врнежи на пониските места ќе бидат од дожд, а снежната граница на повисоките места ќе се поместува нагоре по висина.

Наутро нема да биде особено студено. Минималната температра воглавно ќе се движи во дијапазонот од -3°С до 0°С во поголем дел од котлините.

Дневната максимална температура во поголем дел од котлините ќе има вредност помеѓу 3°С и 5°С,а на повисоките места од 0°С до 2°С. Југоисточниот крај ќе биде потопол, околу 7°С.

Скопје очекува облачно време со усови за слаби врнежи, пред се попладне и околу вечерта. Врнежите би биле претежно од дожд, а во повисокиот дел на скопската котлина дожд мешан со снег. Минималната температура ќе има вредност околу -2°С, а максималната околу 4°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top