Експерти и професори од Универзитетот Свети Кирил и Методиј изработија национална стратегија за семејство која до крајот на неделата треба да се најде во владата. Осумте експерти на овој труд работеле четири месеци, јавува телевизија Сител.
Во документот се предложени конкретни мерки и препораки за решавање на проблемот со белата чума.Стратегијата се заснова на три елементи, бројност, прираст и дистрибуција на население, природни и механички движења, како и семејство бројност и домаќинства.
Ректорот Велимир Стојковски вели дека засега неможе да се откријат повеќе детали, крајниот збор за прифаќање на мерките сепак ќе го има Владата. Еден дел од старатегијата се однесува и на миграцијата село-град.
Според последните податоци на заводот за статистика, од 2006 досега, за седум години има 33 ијлади ученици помалку во основното образование.
Учебна година Бр. наученици
2006/2007 228.207
2007/2008 220.833
2008/2009 215.078
2009/2010 208.980
2010/2011 201.914
2011/2012 198.856
2012/2013 195.311
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


