| четврток, 6 декември 2018 |

И полицаец меѓу киднаперите кои крвнички претепаа жена кај Смилковско езеро

Полицијата уапси пет скопјани, меѓу кои и полицаец осомничени дека киднапирале и малтретирале 47 годишна скопјанка.

Уапсените се од Скопје на возраст од 28 до 57 години, а меѓу нив е и полицаец кој освен за грабнување се товари и за нанесување тешки повреди.

 Како што соопшти МВР, киднаперите насилно влегле во нејзиниот дом во населба Ченто по што со тупаници во глава ја натерале да влезе во џип со кој ја однеле во близина на Смилковското Езеро. Таму крвнички била претепана за да ја убедат да им потпише изјава дека на еден од осомничените ќе му врати наводен долг од 11 илјади евра. Жената после толку ќотек прифатила да потпише. Тогаш ја вратиле дома за да земе потребни документи и да се облече и заминале на нотар. Таму биле пресретнати од полициските Алфи, по што биле уапсени, а жената пренесена во болница. Врз неа е извршена хируршка интервенција, но е вон животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top