| четврток, 6 декември 2018 |

Мажи не се грижете и вагината старее, а еве и како

Како поминуваат годините, сè на телото се менува. Лицето добива брчки, вратот се опушта, градите се спуштаат, а косата оседува. Затоа, не би требало да ве чуди ота што вашата вагина не е ништо поразлична – и на неа годините влијаат. Прочитајте како.
02_vagina_5438307415_654

После 20 години…

Работите се смалуваат
Пубертетот е конечно завршен и вашите органи пораснале до соодветната големина. Сè освен надворешните усни, кои во овој период ќе почнат да се смалуваат. Немојте да се изнеднадите ако надворешните усни почнат да изгледаат потенки, тоа е сосема нормално. Поткожното масно ткиво со годините се намалува, па ова е целосно природен процес.

После 30 години…

Темни сенки
Хормоналните промени кои настануваат при бременоста или едноставно со годините, може да доведат до тоа внатрешноста на усните да потемни. Затоа нема потреба да се грижите ако забележите дека вашите усни добиваат 50 нијанси (кафеавкасто) сиво.

01_vagina_43a0169235529_643

Големо растегнување
Следниот голем чекор во животот на секоја жена (и нејзината вагина) е бременоста. Поточно, за самата вигна многу е поважен чинот на породување. Матката се шири до големина на лубеница во текот на бременоста, па се враќа во првобитната состојба шест недели по породувањето. Ова е голема промена и често остава последици врз вагината. Но со време и добри вежби, сè се враќа на свое место.

После 40 години…

Циклусот се скратува
Иако бројот на јајцеклетки брзо се смалува, менструацијата и понатаму е тука. Меѓутоа, таа со време станува сè пократка, додека еден момент не престане целосно. Ова е период кога организмот природно се подготвува за менопауза.

Сè се опушта
Вашите репродуктивни органи на место ги држи низа тетиви, ткива и мускули. Со годините, овие мускули слабеат. Затоа, во овој период можете да почувстувате чувство на тежина „таму долу“, како и неконтролирано мокрење. Решението, повторно е во вежбање.

Сè е посуво
Помалото ниво на естроген влијае врз базно-киселата рамнотежа во вагината, што може да доведе до разни запаленија. Како резултат на сето тоа, доаѓа до чувство на сувост. Убавата вест е дека редовен секс може да го спречи ова!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top