| четврток, 6 декември 2018 |

Како бројот на куќата или стан одредува за кого се идеални: за бизнисмените најдобар е бројот 8

Токму како и луѓето и куќата или станот во кој живеете вибрира одредена енергија, позитивна или негативна. Оваа енергија може да се одреди според бројот на куќата или станот појаснува нумерологот Мишел Буканан од Велика Британија.

Screenshot_1

Потребно е бројката да ја сведете на една цифра, доколку тоа  не е случај. На пример бројот 19, 1+9 =10, 1+0=1 и сте го добиле бараниот број.

Број 1 – овој број покажува дека куќата е идеална за луѓето кои се независни, кои сакаат да застанат на сопствените нозе и умеат сами да се мотивираат.

Број 2– Во оваа куќа има многу женска енергија и е идеална за луѓе кои се грижат  и им помагаат на другите. Оваа куќа/стан промовира партнерство, чувствителност и  просперитет.

Број 3 – идеална куќа кои имаат афинитет кон уметност и сакаат да ја подобрат креативната способност.

Број 4– оваа куќа промовира структура, ред и стабилност, а токму затоа е совршена за оние кои сакаат да изградат цврсти темели за својата иднина. Станот или куќата со овој број помага во остварување на целите.

Screenshot_2

Број 5 – тоа е куќа преполна со акција. Таа промовира активност, промени и авантура, па е идеална за луѓето кои сакаат авантури и патување.

Број 6 – оваа куќа или стан е идеална за формирање на семејството. Делува релаксирачки и привлечно. Во неа сите станари, вклучувајќи ги и домашните миленци, добро ќе напредуваат, а и градината околу куќата добро ќе се развива.

Број 7 – тука најдобро ќе се чувствуваат луѓето кои сакаат да се релаксираат. Тоа е идеален дом за аналитичарите, научниците, техничарите, наставниците и студентите.

Број 8– ова е идеална куќа за сите оние кои се посветени на својата кариера  и имаат здрав однос кон парите. Овој дом може да поттикне остварување на сништата но и алчност.

Број 9 – куќата со овој број е добра за оние кои сакаат да му служат на општеството и да им помагаат на оние кои се неволја. Овој дом поттикнува закрепнување, сочувство и толеранција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top