| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава се покажа ранлива поради сопствените „армии од духови“

Исламска држава може да се преправа дека води војна против светот во име на исламот, но самопрогласениот калифат е исто толку ранлив за длабоко вкоренетата корупција во регионот, колку што се и секуларните режими во Ирак и Сирија која таа ги прогонува.

zname-na-isis

Сведоштвата на поранешни борци на ИД покажуваат дека од двете страни на конфликтот војуваат „армии од духови“.

Предминатата година Владата во Ирак се зафати со длабоката корупција во својата армија тврдејчи деке 50.000 „мртви души“ земале војнички плати без да служат.

Според Омар, бунтовнички командант од ИД, кој војувал на страната на ИД повеќе од една година, пред да избега и побара да не се соопштува неговото вистинско име, истото се случувало и на другата страна.

– Имате, на пример, командант од ИД на фронтот кој поднесува молба за плата за 250 лица, но во пракса располага само со 150, раскажува тој. „Кога властите ги открија шемите, почнаа да испраќаат финансиски администратори за да ги исплаќаат платите. После и чиновниците почнаа да се договараат со командантите за истите измами“.

Поранешни борци и вработени кои работеле под управувањето на ИД, често тврдат дека и покрај сите приказни за џихадистите за отфрлање на праксата на секуларните влади во Сирија и Ирак, кои ги протерале сопствените вработени често ги имитираат склоностите на тие режими кон бирократијата. И кон корупцијата.

Од управување со селско стопанство до субвенции за храна – насекаде назначените од ИД вработени често го применуваат истиот систем разработен од владеечките партии во Сирија и Ирак, вклучително и претераната употреба на папки и печати.

Според локални жители, ИД применува децениски практики кои и обезбедуваат лојалност преку клиентелизам. И колку повеќе тоа се раширува, тоа се повеќе зависи од вработени и борци кои го ценат финансиското нагодување повеќе од нејзината радикална идеологија. Во Сирија, на пример, некои од службениците ангажирани од ИД се истите луѓе своевремено му служеле на режимот на претседателот Башар ал Асад.

Абу Рашид, болнички аптекар од источниот сириски град Мајадин, кој замоли да го нарекуваме со лажно име заради негова безбедност, опишува колку се изненадил кога ИД назначиле лекар кој работел и бил истеран од владата на Асад. Слубеникот кој бил обвинет за злоупотреба на државни средства, изгледа ја испробувал истата измама и кај ИД – пишувал десетици лажни рецепти за лекарства и откако ги добил парите, подметнал пожар во аптеката за да не го фатат.

-Нема сомнение дека некои од службениците на таа власт ја претвораат во нешто кое го опишуваме како корумпиран, автократски систем, вели службеникот од западно разузнавање кој ги набљудува ИД.

Но дури и така разузнавачките служби тврдат дека ИД ја толерира корупцијата многу помалку отколку претходните режими. Фактичката ефикасност и некорумпираност на организацијата многу пати била посочувана од локалните жители на преземените територии од џихадистите како причина заради која се подготвени да ја толерираат организацијата – отрезнувачка оценка за коалицијата на која и се дава задача да работи со партнери како ирачката влада за да биде победена ИД.

– Реалноста е што пред ИД да ја преземе контролата над Мосул, власта веројатно била многу покорумпирана. ИД дејствува сурово против корупцијата, рече западниот претставник.

Недоволно сурово, според Абу Рашид. Кога лидерите на ИД ја откриле измамата со лекови, го уапсиле службеникот, му ја избричиле брадата и главата за да го предупредат, и го натерале да почне курс за учење на шеријата. „Според нивните закони требаше да му ја отсечат раката“, рече тој.

Сиријци и ирачани кој живеат под управувањето на ИД велат дека се повеќе чувствуваат слаби места во системот кој според нив се должат на нараснатата корупција.

Тие како пример го посочуваат порастот на криминална трговија со луѓе од територијата на ИД откако раководството му забрани на населението да напушта повеќе делови од самопрогласениот калифат. Локалните жители често ги подмитуваат борците на ИД „за да ги затворат очите“ на контролните пунктови што ги прави границите несигурни.

Корупциските скандали во ИД се претворија во легенди меѓу поранешните борци кои раскажуваат за емири кои префрлуваат цели купишта пари преку границата во Турција, пред да исчезнат.

Бунтовничкиот командант кој служел во ИД, тврди дека во неговот регион во источната провинција Деи ал Зур, некој емир, познат како Абу Фатима ат Туниси, избегал со 25.000 долари од „закат“ (вид на данок). Според него, бегалецот испратил порака на твитер до своите бивши другари: „Каква држава? Каков калифат? Вие сте глупаци!“

Фајненшел тајмс – Лондон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top