| четврток, 6 декември 2018 |

Стартува новото издание на релито Дакар

dakar

Традиционално, на почетокот на секоја година, стартуваат и возбудувања на релито Дакар кое во 2016 ќе го има своето 37.издание. Денеска стартува релито во Буенос Аирес. По Аргентина, етапите ќе се селат во Перу и во Боливија.

На годинашното рели ќе учествуваат 110 автомобилисти и 143 мотоциклисти кои во 13 етапи ќе поминат вкупно 9.237 километри.

Минатата година во конкуренцијата на автомобили победи Насер Ал-Атијах (Мини) од Катар, а Шпанецот Марк Кома (КТМ) беше најдобар кај мотоциклистите.

Првата етапа од Росарио до Вила Карлос Паз е со должина од 227 километри, а релито завршува на 16. јануари во Росарио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top