Српскиот телевизиски водител и новинар Огњен Амиџиќ, односно неговото алтерего Оскар Савиќ, не му одолеал на трендот на фотографирање на новогодишните елки, па на Твитер поставил фотографија од духовитата новогодишна декорација.
– Ја накитив елката – напишал Оскар, односно Огњен.
Неговата елка е накитена со банкноти во апоени од 50 и 100 евра и со традиционални сребрени украси, но не открил дали за украсување користел вистински или лажни пари.
Во секој случај, оваа елка привлече големо внимание.
Оскар на овој начин на своите обожаватели на Твитер им ги честитал новогодишните празници посакувајќи им една од најважните работи во животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илјадници верници се собраа во Витлеем: Светна божикната елка во родното место на Исус
-
Елката на Рокфелер со ѕвезда од 3 милиони „swarovski“ кристали светна во Њујорк
-
Ќе ви донесе куп среќа: Во пресрет на празниците, не е сеедно каде ја поставувате елката!
-
Запленети 1,5 милиони евра во автомобил во Драч





