Во сите региони во Македонија утринава се измерени температури под нулата. Најстудено е во Битола и во Берово каде се измерени – 10 степени по што следуваат Струмица, Лазарополе, Тетово, Прилеп и Скопје со -8, Демир Капија, Куманово и Крива Паланка -7, Дебар, Гевгелија, Маврово, Штип, Дојран и Крушево со -6, Охрид -5 и Претор -2 степена.
Во источните делови од земјата времето е умерено до значително облачно, а во западните делови е сончево. За денеска се најавува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 9 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Температурата ќе достигне до 5 степени.
Од утре, Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. На повисоките места и на планините ќе врне снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет.
Според Управата за хидрометеролошки работи, врнежи од снег ќе има уште утре кои локално ќе бидат обилни и ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови. На места ќе има и појава на замрзнат дожд, а кон крајот на денот во пониските подрачја врнежите ќе поминуваат во дожд, а интензитетот постепено ќе се намалува.
Повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет ќе има и во наредните денови. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Подгответе се: Од невообичаени високи температури и сонце одиме на 0 степени
-
Вистинско лето во октомври: Детална временска прогноза за цела недела
-
Температурата и наредниов период ќе биде под просекот за овој период од годината
-
Повеќе дожд и без пеколни температури – еве какво лето не чека оваа година!



