Статусот на Џејмс Родригез во Реал Мадрид дополнително се влоши откако колумбискиот интернационалец пристигна во тренинг-центарот Валдебебас со полициска придружба. Весникот „Ас“ објави дека Џејмс доцнел на тренингот на „кралскиот клуб“, па за дополнителнo да не го влоши односот со Рафа Бенитез „полетал“ со своето Ауди со дури 200 километри на час.
Еден полициски автомобил веднаш тргнал во потера по Колумбиецот, следејќи го се до самиот влез на тренинг-центарот.
Против него веднаш е поднесена пријава за загрозување на сигурноста на патот и сигурно ќе добие парична казна, плус одземање на возачката дозвола во следните шест месеци.
Останува да се види каква казна ќе му биде изречена од страна на раководството на Реал, кое настојува сите фудбалери да бидат максимално одговорни и надвор од теренот. За Џејмс се шпекулираше дека е еден од оние играчи што сакаат што поскоро да си заминат од Мадрид, а овој немил настан би можел да го забрза тој процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)



