| четврток, 6 декември 2018 |

Дубаи: Фотографија ја открила причината за пожарот во хотелот?

Полицијата во Дубаи ја истражува фотографијата која би можела да ја открие причината за големиот пожар кој се случи во хотелот „Адрес Даунтаун“.

Пожарот изби за време на прославата на Новата 2016 година околу 21,30 часот по локално време на 20. кат на хотелот со пет ѕвезди и брзо се прошири на десетина ката од вкупно 63.

CXm0JVFWwAAACVy

Сите гости беа евакуирани, но повредени се 14 лица, според полициски извори.

Фотографијата која ја снимил форензичар, а на твитер ја објави Дахи Калфан од полицијата, прикажува пеколна топка во подножјето на зградат пред да се разгори пожарот.

Истажните органи од ова заклучуваат дека пожарот почнал од надворешната страна. Истрагата е во тек.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top