| четврток, 6 декември 2018 |

Филе нема да биде посредник во дијалогот Белград-Приштина

Портпаролот на европскиот комесар за проширување Петер Стано денеска демантираше дека Штефан Филе би можел да ја преземе посредничката улога во дијалогот меѓу Белград и Приштина, наместо високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон. Стано за Танјуг изјави дека тоа едноставно не е вистина.
Белградскиот дневен весник „Блиц“ денеска објави дека Ештон нема повеќе да посредува во дијалогот и оти Филе се подготвува да го заземе нејзиното место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top