| четврток, 6 декември 2018 |

Амстердам: Уапсен Британец кој се закнувал дека носи бомба

На аеродромот Шипол во Амстердам уапсен е 29-годишен Британец кој на сиот глас викал дека носи бомба. Инцидентот се случил утринава околу осум часот, а полицијата го совладала. Веднаш биле извршени претрес и евакуација на делови на терминалот. но не било ништо пронајдено.

Очевидците ја опишаа ситуацијата како многу панична. Луѓето на аеродромот почнале да трчаат оставајќи го својот багаж. На патниците подоцна им било дозволено да се вратат на терминалот кога полицијата го обезбедила подрачјето.

Британецот кој го предизвика инцидентот е одведен во притвор на испитување, а неговиот багаж бил дополнително проверен, но не бил пронајден експлозив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top