
Жителите на Велика Иванча во Србија, каде пред неколку денови Љубиша Богдановиќ изврши масакр и усмрти 13 лица, потпишуваат петиција тој да не биде погребан во селото, пренесе српски Блиц
Во нашиот крај некој покренал петиција Љубиша да не се погребува тука. Не знам кој го направил тоа, но знам дека нема да се потпишам. Мене тој ми ја уби мајката Драгана и бабата Даница, но знам дека тоа нема да го потпишам. Љубиша претходно беше вистински сосед, пријател за пример, вели за Блиц Александар Стекиќ кој ја пронашол својата мајка мртва.
Според информациите на Блиц, уште првиот ден по трагедијата на состанокот на месната заедница било поставено прашањето дали и убиениот син на Љубиша, Бранко, треба да биде погребан со жртвите.
– Некој го постави тоа прашање, но тогаш стана роднина на семејството Деспотовиќ, во чија куќа беа убиени 5 лица. Тој кажа дека такво нешто не доаѓа во предвид и дека Бранко исто така жртва на Љубиша и треба да биде погребан со сите останати, велат жителите на Велика Иванча.
-Ќерките утре ќе одат по телото на нивниот татко. Љубиша по смртта во Ургентниот центар е префрлен на обдукција, а тие треба да ја однесат документацијата. Утре ќе видиме кога ќе биде погребот, велат роднините на семејството убиецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


