Рускиот претседател Владимир Путин, по традиција Новата 2016 година ќе ja дочека дома, со роднини и блиски пријатели, соопшти портпаролот Дмитриј Песков.
Портпаролот на Кремљ не прецизираше дали станува збор за резиденцијата на Путин во Ново Огарово крај Москва или за некоја друга.
– Каде точно дома, тоа не можам да ви кажам, призна тој.
Повеќето министри од Владата на Русија, исто така новогодишната ќе ја поминат во кругот на семејството.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев, сепак заминува за Нова Година на скијање во планинско одморалиште во Сочи и веднаш по празникот таму свикува советување за развојот на туризмот во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.