Актерската легенда мечтае за една работа, еден настан кој секојдневно го замислува во неговиот дом.
На познатиот актер Велимир Бата Живојинови кој закрепнува во својот дом во Белград од последиците на три мозочни удари, најмногу му недостасува синот Миљко Живојиновиќ. Тие не се виделе речиси пет години, иако се многу врзани.
-Сакам само да го гушнам. Тоа ми е единствената желба – изјавил актерот. Неговата сопруга Јулијана вели дека можеби оваа желба на Бата е им делува патетично на луѓето но тоа е се за што тој сонува.
Миљко Живојиновиќ од 2007 година не живее во родниот Белград поради како наводно се испостави неосновани сомнежи дека како стечаен управник го оштетил Градежното претпријатие Рад.
Апелациониот суд во Белград прасвосилно го ослободи поранешниот стечаен управник на градежото претпријатие „Рад“ Миљко Живојиновиќ и неговиот тогашен заменик Грујица Давидовиќ од обвиненијата поради недостаток на докази дека извршиле кривично дело примање на мито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.