| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку десет лица се убиени и ранети во три експлозии во сирискиот град Камишли

Три експлозии одекнаа синоќа речиси истовремено во познати ресторани во центарот на сириски христијански кварт на градот Камишли во североисточна Сирија, во бпизина на турската граница.

sirija

Директорот на Сирискиот центар за набљудување на човековите права Рами Абдул Рахман изјави во Бејрут дека во експлозиите се убиени најмалку 10 лица, а 25 се ранети.

Според извор од сириската милиција „Сутору“ во експлозиите загинале 13 лица, а ранети се десетици. Според сириските медиуми има над 15 жртви, а либанската телевизија „Ал Мајадин“ јави дека во близина на експлозиите е пронајдена и четврта бомба, која била деактивирана.

Во рестораните „Габриел“ и „Мајами“ бомбаши самоубијци активирале бомби, додека третата бомба била активирана со истрели со огнено оружје.

Контролата врз градот е поделена меѓу режимот на претседателот Башар ал Асад и курдските сили, кои прогласија зони на автономна администрација во северните и североисточните територии.

Рестораните се наоѓале во сектор на градот под контрола на сириските владини сили.

Портпаролот на курдските Сили за заштита на народот изјави дека најверојатно нападите се извршени од Исламска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top