Мила е најчестото женско, а Јаков најчестото машко име кое граѓаните во земјава го давале на своите новородени деца во текот на оваа година
Меѓу најчестити имиња во 2015 година кај новородените женски бебиња се и Лана, Михаела, Сара, Јана, Софија, Дарија, Мелиса, додека кај машките деца најчести имиња кои ги давале се и Стефан, Филип, Дамјан, Даријан, Никола, Јован и Михаил.
Според податоците на Управа за водење матични книги во 2015 година како специфични имиња се јавуваат Денуција, Срна, Мевлан, Бисера, Фатма.
Стотина деца кои се родени годинава добиле по две имиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.