| четврток, 6 декември 2018 |

Ангела Меркел најпопуларен светски лидер во Македонија

merkel-germaniq-iska-sdelka-za-ostavane-na-velikobritaniq-v-es-345162Германската канцеларка Ангела Меркел е на врвот на листата на популарноста меѓу светските лидери во Македонија, посочуваат резултатите од истражувањето „Крајот на годината – Врвни светски лидери“ што ги објави денеска WIN/Gallup International.

Меркел е со позитивен нето скор од 33% проценти, на второ место на листата е рускиот претседател Владимир Путин со нето скор од 19 проценти, а на трето американскиот претседател Барак Обама со  нето скор од 14 проценти. Најнепопуларен во Македонија е иранскиот претседател Хасан Рохани со негативен нето скор од 11%.

Во светски рамки, како што се наведува, истражувањето покажува дека помеѓу десетте глобални лидери, претседателот на САД Обама и претседателот на Русија Путин се значително попознати ширум светот во однос на другите, при тоа значително повеќе луѓе имаат позитивно мислење за Обама во однос на кој било друг, додека за Путин има поделени мислења.

Речиси тројца од пет (59%) од анкетираните во 65 земји низ целиот свет имаат позитивно мислење за претседателот на САД. Само еден од тројца (29%) имаат негативно мислење. И покрај неодамнешното преземање на борбата со ИСИС во Сирија, за претседателот Путин има поделено мислење каде еден од тројца во светот (33%) имаат позитивно мислење, но 43%  имаат негативно мислење.

Од десет анкетирани глобални лидери германската канцеларка Ангела Меркел е втора најпопуларна личност за 2015 година; 42% од испитаниците имаат позитивно мислење за неа, а 29% негативно (нејзиниот нето скор изнесува +13%). Британскиот премиер Дејвид Камерон е рангиран на третото место (37% позитивно мислење, 28% негативно мислење, со нето скор од +10%).

Прашањето кое беше поставено во 65 земји, како дел од Истражувањето „Крајот на годината“ на WIN/Gallup International, е дали испитаниците имаат многу позитивно, донекаде  позитивно, донекаде негативно или многу негативно мислење за секој од 10-те светски лидери.

Истражувањето е спроведено во 65 земји во светот при што се опфатени вкупно 63.976 лица на глобално ниво или на репрезентативен примерок од околу 1.000 мажи и жени во секоја земја,  кои се интервјуирани лице в лице, телефонски или преку интернет во периодото од септември до декември 2015 година.

Во Македонија, БРИМА спроведе теренска анкета, лице в лице, во домот на испитаникот, на национално репрезентативен примерок со 1.209 испитаници на возраст 15+ години, во период од 3 до 11 ноември 2015, Маргина на грешка на истражувањето е +/- 3% на ниво на доверба од 95%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top