Некои нискобуџетни компании од белградскиот аерoдрoм летале за Лондон, Мадрид и Амстердам со помали количини гориво од пропишаниот минимум, пишува српски Блиц.
Агенцијата за цивилно воздухопловство во Србија пред две недели издала наредба за вонредна проверка на количините гориво со кои полетуваат авионите од Белград. Преку увид во документите констатирано е дека некои авио-компании летале на резрева.
Од Агенцијата, за Блиц велат дека проблемот не бил детектиран кај нив, туку во други земји, но имале обврска да спроведат контрола.
Постои точно пропишана количина гориво која секое летало мора да ја има во резервоарот за одредена линија. Во тоа е пресметана количината потребна за летање од почетната до крајната дестинација, плус количина потреба за да се стигне до најблискиот алтернативен аеродром за слетување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.