Според париски „Ле Монд“, атентатите на Париз во ноќта на 13 ноември биле координирани и следени во реално време од еден или повеќе соучесници на терористите од Белгија, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Тука е пред се СМС пораката, која веќе и е позната на пошироката јавност „Тргнавме, започнуваме“, испратена од еден мобилен телефон пронајден во корпа за ѓубре пред концертната сала Батаклан.
Пораката беше испратени кон мобилен телефон во Белгија на една линија која била отворена претходниот ден и која беше деактивирана откако беше добиена фамозната порака. Оваа телефонска линија, користена од еден или повеќе соучесници во Белгија, останала активна само 24 часа, но таа била користена за комуникација со терориистите од Батаклан 25 пати.
Втората важна информација која ја објавува париски „Ле Монд“ е дека на 13 ноември еден друг телефонски број, лоциран во Белгија, се јавил на мобилниот телефон на Абделхамид Абауд, кој беше во групата на терористи која ги нападна терасите на рестораните.
За истражните органи, ова покажува дека на самата вечер на атентатите, едно или повеќе лица биле во Белгија за да добиваат извештаи од терористите, како се да беше организирано и координирано во реално време.
Овие соучесници на терористите од Париз се уште не се идентификувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил