| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски скандалозно го унапреди сопругот на Ременски за четири нивоа

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски решил да ѝ ја честита новата година на неговата колешка Фросина Ременски на класичен непотистички начин.

oliverspasovski-mvr-luksuz-640x376

Без никаков интерен оглас решил, спротивно на Законот за внатрешни работи, да го унапреди нејзиниот сопруг за цели четири позиции. Јовче Ременски од самостоен инспектор во полициската станица Гази Баба со 720 бода е распореден на позиција генерален советник –  инспектор во Кабинет на УБК со 1.050 бода, што е незаконски скок од четири нивоа, односно уривање на целиот систем за кариера во МВР. При тоа Ременски ниту врши исти, ниту сродни работи како што предвидува Законот.

Освен подарокот за неговата колешка, Спасовски спротивно на закон, нетранспарентно и без никаков оглас унапредил уште 10 партиски послушници. Дознаваме дека унапредени се и:

-Насер Селмановиќ во началник на Единица за поддршка во Сектор за следење, набљудување и документирање во Оддел за оперативна техника. Претходно Селимовиќ бил инспектор за имотни деликти и унапреден е за 5 места и исто така не вршел исти или сродни работи.

– Златко Апостолоски во заменик на помошник директор во Оддел за анализа и истражување. Претходно Апостолски бил на позиција дежурен во полициската станица Чашка, така што станува збор за скок од цели седум позиции. Повторно и Апостолски не врши исти или сродни работи како што предвидува законот.

– Борче Петревски во генерален советник во Кабинет на УБК, а претходно бил на позиција Виш инспектор и сега со решение на Спасовски прескокнува пет места, повторно без да врши исти или сродни работи.

– Јовица Петрушевиќ во генерален советник во Кабинет на УБК. Претходно Петрушевиќ бил инспектор за имотни деликти  и сега напредува за шест нивоа. Притоа не е во место на живеење и не вршел исти или сродни работи.

– Билјана Ангелковска во главен аналитичар во Одделение за медиуми во Сектор за стратешка анализа во Оддел за анализа и истражување. Таа претходно била дежурна во полициската станица Блаце и сега прескокнува четири нивоа, без основна обука за аналитичар и без да вршела сродна или иста работа.

– Златко Арсов во началник на Одделение 1 во Сектор 1 во Оддел за контраразузнавање. Арсов претходно бил Виш инспектор и прескокнува три нивоа.

Останатите се унапредени за по едно ниво. Повторно без интерен оглас и без да извршуваат иста или сродна работа.

– Марјан Петровски во главен инспектор во Одделение 1 во Сектор 1 во Оддел за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот

– Иван Сливјановски во началник на Единица за планирање, безбедност и сајбер заштита во Оддел за оперативна техника

– Катерина Кнежевска во началник на Сектор за управување со човечки ресури и обука во Оддел за безбедносен менаџмент, управување со човечки ресурси и обука

– Кирил Соколов во главен инспектор во Одделение 2 во Сектор 2 во Оддел за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот

Зошто ваквите акти, Спасовски ги носи токму ден пред Нова година и веднаш по завршување на акцијата „Фабрика за афери“ веројатно знае само тој. Професионалците од МВР сметаат дека ова е директно покопување на безбедносниот систем спротивно на сите професионални стандарди на кои инсистира меѓународната заедница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top